Европската Унија, Русија, Кина, САД и Турција – сите сакаат да го зацврстат своето влијание на Балканот, користејќи политички и трговски релации, ја почнува својата анализа угледниот виенски  весник Стандард, одвојувајќи најмногу простор токму на ситуацијата во Македонија.  Р

усија  не сака Македонија да влезе во НАТО и затоа се обидува да го поткопа договорот со Грција, пишува Стандард, потенцирајќи дека Москва на секој начин го користи вакум периодот и моментумот кога повеќе земји не се членки на ЕУ за да ги реализира геополитичките амбиции.

Според експертот за Западен Балкан, Флоријан Бибер, ова  во најголем дел се долќи на недостигот на ангажман на Брисел и коебливиот став на Вашингтон.

„Во случај на имплементација на договорите меѓу Грција и Македонија и нормализацијата на односите меѓу Србија и Косово, Русија ќе ги загуби важните адути, и само Босна и Херцеговина ќе им остане за предизвикување невољи”, вели Бибер за Стандард.

Во меѓувреме, не стивнува реториката околу можноста за корекција на границите меѓу Србија и Косово, што ја начна косовскиот претседател Тачи. По пораката на меѓународната заедница дека нема да дозволи прекројување на границите на Балканот, косовскиот премиер Харадинај повторно се обидува да ја релативизира таквата идеја, која според него, е едваква на предавство, пренесува „Канал 5“.