Старт од сништата за домаќинот на фудбалскиот мундијал Русија

Loading...

Светското фудбалско првенство 2018 е отворено на спектакуларен начин, откако Русија ја остави зад себе слабата форма и ја здроби Саудиска Арабија со 5:0, остварувајќи ја најубедливата победа на мундијалски домаќин од 1934 година.

Избраниците на селекторот Станислав Черчесов немаа победа во последните седум натпревари и трпеа критики од сите страни, вклучувајќи и низа зајадливи коментари од претседателот Владимир Путин.

Но, пред бучните 78.011 гледачи на стадионот „Лужники“ тие изгледаа недопирливи пред наивните „зелени соколи“, кои премногу често им ја подаруваа топката на противничките играчи.

Целосно осамениот Јури Газински со глава го постигна својот првенец во рускиот дрес пред резервистот Денис Черишев по слаломот во противничките редови да зголеми на 3:0.

Темпото опадна и атмосфера спласна по паузата, давајќи му на мечот изглед на пријателско соочување сè до погодокот со глава на Артем Ѕјуба само неколку минути откако го замени Федор Смолов.

Точка на резултатот во четвртата минута од судиското надополнување на времето стави Александар Головин од слободен удар, заобиколувајќи го живиот ѕид.

 

 

1 Коментар

  1. СДСМ не разбира Битно:
    Резолуцијата 817 на Советот за Безбедност на ООН (ПРЕПОРАКА) не е предмет на анулирање, дополнување или дерогирање (со друга резолуција). Исто, Резолуцијата 845 на Советот за Безбедност на ООН (УРГИРАЊЕ/УРЕГЕНЦИЈА) не предмет на анулирање, дополнување или дерогирање (со друга резолуција).
    https://www.change.org/p/united-nations-solution-to-the-name-problem-of-the-republic-of-macedonia-in-the-un/u/22828754
    Одговор

Comments are closed.