Стартува кампањата „Македонија бојкотира“

Потпис на меморандумот за соработка за бојкот на престојниот референдум, ставија 28 невладини организации, граѓански иницијативи и партии

Фронтот ќе го предводи, Јанко Бачев, лидер на партијата „Единствена Македонија“. Меѓу поддржувачите и потписницие на документот се и поранешниот истакнат член на ВМРО – ДПМНЕ, Филип Петровски како и некогашниот претседател на градската организација на СДСМ во Скопје, Љупчо Палески.

„Новата и легална власт која доаѓа ќе расчисти со сите национални предавници. Да сте живи и здрави и сите на 30 септември да бојкотираме, да не излегуваме на референдумот и да го спасиме вековното македонско име – изјави Јанко Бачев, пренесе „Алсат М“.

SHARE