Преспанскиот договор кој треба да кулминира со прифаќање на уставните измени во Собранието по референдумот на кој едвај третина „се одважија“ да дадат глас „за“ или “против“ промената на името, е тема за која говорат најповиканите – граѓаните на Македонија:
„91-ва имавме легален референдум и јасно ја искажавме нашата воља за каква држава сакаме да имаме, чисто и кристално јасно. Сега власта упорно се обидува да го прикаже овој народ како ретардиран и малоумен кој всушност не знае што е добро за него ама ете, они знаат и ќе го тераат своето и против вољата на народот“ стои во еден од поиздржаните коментари на социјалната мрежа.

„Велат, референдумот бил консултативен и необврзувачки и нема никакво значење што големо мнозинство бојкотираше и се спротивстави за било какви уставни измени и особено за промена на името и влез во ЕУ и НАТО.

Ако е така, а така е, тогаш се прашувам во чие име и со кое право ја силуваат целава работа.

Не се менува име на пиљара и не се влага во некоја задруга па сами да одлучуваат се работи за држава и нејзиното уредување. Ако по устав народот е суверен на државата тогаш од каде им е правото и дрскоста да го узурпираат тоа право.

Не сум правник и немам познавање на правото, но ова е мое обично логично размислување на обичен граѓанин кој не сака никој да му го одзема сувереното право загарантирано со уставот заедно со сите други граѓани да одлучува за судбината на ова парче земја.
Се консултираа видоа што видоа и толку….“

SHARE

Comments are closed.