Стејт департмент на САД во акција, средба со Мицотакис во Атина


Лидерот на грчката опозиција Киријакос Мицотакис вчера попладне имал средба со заменикот помошник државен секретар на САД Кетлин Ковалец, одговорна за Европски и евроазиски прашања во Стејтдепартментот.

На средбата која што се одржала во кабинетот на Мицотакис во грчкото собрание било разговарано за прашања поврзани со регионалната соработка и безбедност како и за потребата да се работи на модерните закани како интернет и меѓународниот тероризам.

Состанокот кој предходно не бил најавен се случил на иницијатива на САД а на него учествувал и амбасадорот на САД Џефри Пајет кој што ја придружувал Кавалец и го информирал Мицотакис за подготовките на САД како учесник на престојниот меѓународен саем во Солун.

Дел од грчките аналитичари се убедени дека На средбата САД од Мицотакис побарале поддршка за влез на Македонија во НАТО, сценарио во кое Неа Демократиа треба да го поддржи Договорот од Преспа.