Стивен Сигал, руски „амбасадор“ во САД

Loading...

Холивудската ѕвезда, Стивен Сигал, кој во 2016 година добил руско државјанство, ќе биде специјален претставник на Москва за хуманитарни односи со САД.

Задачата на актерот ќе биде „да придонесе за понатамошен развој на руско-американските односи во хуманитарната сфера“.

Ова опфаќа  соработка во културата, уметноста, размена на млади, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Сигал, кој има руско потекло, редовно ја посетува Русија, откако во 90 години ја донесе франшизата „Планета Холивуд“ во Москва.

Актерот, кој е експерт за боречки вештини и носител на црн појас 7 дан во аикидо, во западните медиуми  се третира  за „добар пријател на Владимир Путин“ особено откако доби руски пасош во присуство на претседателот во 2016 година.

Оставете Коментар