Стоиљковиќ: Дик, дик фатаморгана!

Претседателот на Демократската партија на Србите Иван Стоиљковиќ тврди дека премиерот Заев се наоѓа во “фатаморгана ситуација” во која не може да спроведе ништо од тоа што го ветува на граѓаните, Грција и меѓународната заедница.

За Стоиљковиќ постојат три важни прашања за кои Заев нема можност да ги спроведе:

1.Не може да испорача меѓународен договор, затоа што нема согласност од Претседателот на државата!

2.Не може да испорача ерга омнес затоа што нема двотретинско мнозинство за уставни промени!

3.Не може да организира референдум затоа што нема Државна изборна комисија за чиј избор инаку е потребно двотретинско мнозинство!

1 Коментар

Оставете Коментар