Стоиљковиќ го прашува Заев на чија страна е!

По изјавата на косовскиот вицепремиер Енвер Хоџај дека во Хрватска, Македонија и Црна Гора разговарал за основање на пакт против Србија, претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија го праша премиерот Зоран Заев зошто ја впрегнува Македонија во непријателство со Србија.

„Бидејќи никој нема храброст да го праша претседателот на Владата за неговата политика и ставот на неговиот владин кабинет во однос на најавеното учество на Македонија во создавање на ‘пактот против Србија’, еве јавно го повикувам да одговори и да ја информира македонската јавност во однос на ова многу едноставно прашање: На чија страна сте Вие господине Заев и чии интереси браните и застапувате? На Република Македонија или на големоалбанскиот шовинизам? Дали застапувате регионална соработка и стабилност или по теркот на фашистичкото минато ја впрегнувате Македонија во отворено непријателство кон српскиот народ и Србија“, напиша Иван Стоиковиќ на Фејсбук.

Реакцијата на Стоиљковиќ синоќа ја пренесе и српска „Политика“.

Косово ѝ предложило на Македонија пакт против Србија!

 

 

 

SHARE

Оставете Коментар