„Стој, не мрдај“ за добредојде на мигрантите во Медитеранот! (ВИДЕО)

Атинскта агенција АНА-МПА објави ексклузивно видео од третманот на бегалците од Африка при нивната „блиска средба“ со припадници на италијанската крајбрежна стража:

„Не мрдај! Седни! Опасно е!“!

Ова се наредбите на припадниците на италијанската крајбрежна стража при спасување на 600 мигранти од Африка на брегот на островот Лампедуза.

Атинска-македонска новинска агенција (АНА-МПА) го доби аудиовизуелниот документ за спасување и операции на ФРОНТЕКС во Медитеранот, објавено во неделата во истражувањето на рутите за проток на имигранти од Јоргос Курас.

Главниот коридор преку Медитеранот е еден од најтешките и во последните години многу луѓе умреле во обид да допливаат до Европа.

Одбивањето на Италија да им овозможи на бродовите со хуманитарна акција, како што се „Аквариус“ и „Лајџејн“ да пристапат до италијанските пристаништа, беше една од темите на мачните 1- часовни разговори на шефовите на држави на Самитот во ББрисел, неделава.

Одбивањето на некои европски земји да прифатат мигранти и бегалци покренува значителни проблеми; во Грција ова е очигледно на островите како Лесбос. Одбивањето на некои европски лидери „не во согласност со нивната должност да ги почитуваат човековите права“, изјавиевропскиот комесар Дуња Мијатовиќ за АНА-МПА.

 

1 Коментар

Оставете Коментар