Стојковски: Добро е што ОМД и Колоски се вратија на вистински пат

„Гледаме дека преку последната средба на претставници на организацијата Обединета Македонска Дијаспора (ОМД) со претседателот Иванов, конечно организацијата се придружи на барањата на македонското иселеништво за одбрана на исконското име Макекдонија, реагира Драги Стојковски еден од највлијателните активисти на македонската дијаспора во светот.

“За разлика од ОМД, ние, членовите на Организацијата Обединети Македонци во Канада, Македонските движења за човекови права во Канада и Австралија секогаш бевме против преговорите за името, и сега против срамниот и понижувачки така наречен Преспански договор со Грција. Мило ни е што ОМД конечно се приклучи на главните македонски организации во иселеништвото и преку поддршка на бојкотот на незаконскиот референдум. Ние секогаш ја поддржуваме нашата македонска татковина, меѓутоа за разлика од некои кои се додворуваат на разните влади, ние македонските влади ги поддржуваме само кога тоа го заслужуваат“, вели за expres.mk Драги Стојковски.

Вчера ОМД објави дека остварила средба со претседателот Иванов.

Средба на претставници на ОМД со Претседателот Иванов

SHARE