Стојковски од „Евротинк“ очекува позитивен резултат на референдумот за името

Андреја Стојковски од Центар за европски стратегии „Евротинк“ од Скопје е оптимист во однос на резултатот на најавениот референдум за името, и покрај сите предизвици со кои ќе се соочи Македонија до неговото одржување наесен.

„Успехот на референдумот ќе зависи од многу нешта – од тоа дали опозицијата ќе го поддржи решението и нејзините пратеници ќе гласаат за договорот, а исто така и какви надворешни замешателства, напади со лажни вести и што ли уште не ќе преживее земјата во текот на следните месеци. Моето очекување е дека референдумот ќе има позитивен резултат, но знам и дека ќе има многу предизвици низ кои треба да поминеме“, изјави Стојковски за бигарски „Капитал“.

„Грција може и треба да го направи тоа“, вели тој за најоптимистичката варијанта јужниот сосед да ја крене рампата за Македонија на самитот на Европска унија на 28 јуни да добие датум за преговори, а во јули и членство во НАТО. „Македонија отстапи многу со ерга омнес. Грција не може само да ветува дека нема да нè блокира, тоа треба да биде и запишано. Уште повеќе што во 2008 година имаше таков договор и Атина го прекрши. Отворањето на преговори со ЕУ и поканата за НАТО треба да се случат пред завршувањето на сите други елементи. Дотолку повеќе што поканата за во НАТО не значи и членство веднаш, меѓу нив ќе помине речиси една и пол година“.

Стојковски објаснува дека Грција и во пристапувањето на Македонија кон ЕУ ќе има повеќе од 70 можности да ја блокира – при отворањето и затворањето на секое од 35. поглавја, а потоа и при потпишувањрто на договорот за членство и неговата ратификација.

 

4 Коментари

Оставете Коментар