Столтенберг: Протоколот за прием на Македонија во НАТО до идното лето

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, мисли дека процерсот на ратификација може да заврши во првата половина на 2019 година и тогаш да се потпише протоколот за интегрирање на Македонија во Алијансата.

Во интервју за грчкиот весник „Катимерини“ тој дополни дека сè зависи од тоа кога во Македонија ќе финализираат уставните промени, но при неговата посета на Скопје пред неколку дена било посочено дека тоа може да заврши во почетокот на 2019 година, а веднаш потоа може да се потпише и протоколот за членство.

Според Норвежанецот, договорот од Преспа е компромис, а компромисите секогаш се болни, но од друга страна, „алтернативата за сожителство со еден спор за името, кој ја блокира и ја излора земјата од меѓународната јавност, е лоша за сите“.

Прашан што би се случило ако договорот помине во Македонија, но не и во Грција, поради ставовите на владиниот коалициски партнер Панос Каменос и на лидерот на Нова демократија, Столтенберг одговори дека тоа би ја ставило во опасност довербата во Грција.

 

7 Коментари

  1. Договорот ќе помине и во Македонија и во Грција. Интерес на САД, НАТО и ЕУ е Македонија да биде примена во овие организации и тоа ќе се случи. Глупавиот Мицкоски и неговите соработници не можат да разберат дека со својата кампања против договорот со Грција застануваат против САД, НАТО, ЕУ, што значи против САД и сите земји членки на овие најмоќни организации на светот.

  2. Дали ти разбираш дека НАТО и ЕУ (што значи САД, па покрај нив Германија, Англија, Франција или сите најмоќни земји на светот) одлучија Македонија да влезе во НАТО ( и ЕУ) ??? Мицотакис ли ќе се спротистави на нивната воља, ќе го попречи нивниот интерес или можеби Мицкоски чија сила е неизмерно помала од онаа на Мицотакис? Иванов? Не биди смешен. Гледаш дека Иванов никој не го есапи за жив и никому не му е важно што ќе прави Иванов. Потисни ги емоциите и размислувај рационално. Дали САД (НАТО, ЕУ), ако нивни интерес е Македонија да стане нивна членка (а по се` изгледа дека е така), ќе дозволат некој си Мицотакис или Мицкоски (Иванов) да ги попречат да не го остварат својот интерес? И јас не би сакал Македонија да влезе во НАТО. Но тоа е далеку подобро отколку ваква Македонија во која НЕЗАВИСНО (без контрола од НАТО и ЕУ) ќе владеат СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Оставете Коментар