Столтенберг: Русија го попречува влезот на Македонија во НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ја обвини Русија дека го спречува стапувањето на Македонија во Алијансата, како што го правеше тоа и со Црна Гора, според него.

„Видовме, исто така, на пример, како Русија се обиде да го спречи стапувањето во НАТО не само на Бившата Југословенска Република Македонија, туку и на Црна Гора. Набљудувавме неуспешен обид за преврат“, рече Столтенберг во својот настап пред Фондација „Херитиџ“ во Вашингтон.

Според Норвежанецот, има многу примери за „обиди на Русија да се меша во политичките процеси во разни земји на НАТО и во земјите-партнери, вклучувајќи ги и обидите преку социјалните мрежи“.

Македонскиот премиер Зоран Заев неодамна изјави дека нема докази за директно мешање на Русија во внатрешните работи на Македонија, но и оти земјата нема алтернатива за полноправното членство во НАТО и во Европска унија.

 

2 Коментари

  1. НАТО е пречка за влез на Македонија во ЕУ, а како нужно зло и во самото НАТО. Безобразно е некој што не ја прими нашата земја во членство и покрај тоа што ги исполни условите за прием, сега да бара вина во друг затоа што не сакаме да го исполниме дополнителниот услов, да се укинеме како народ, а со нашето име да се создаде нова нација во Македонија и со него да се нарекуваат и Грци во Беломорска Македонија. Не сум психијатар, но по моето лаичко мислење веројатно и Столтенберг и сите тие што сметаат на тоа дека ќе се укинеме како народ треба да побараа помош од специјалист. Да им укаже дека со предавници не може да се разговара во име на еден народ, односно дека од гомно ќерпич не бива, како што вели една македонска народна поговорка.

Оставете Коментар