Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на денешниот брифинг со новинарите во Брисел најави дека в среда министрите за надворешни работи на 29. членки ќе расправаат за Западен Балкан, при што имаше порака и за Македонија, користејќи разни формулации за да ја идентификува државата за која зборува.

„На Парламентот и на властите во Скопје е да ги донесат одлуките и јас не можам да гарантирам во името на Скопје… Навистина се надевам дека Скопје и народот во таа земја ќе ја искористат оваа историска шанса што се случува еднаш во животот“, рече Норвежанецот на чело на Северноатлантската алијанса.

Тој додаде дека, штом ќе биде потпишан пристапниот протокол, на министерските состаноци ќе може да присуствува и шефот на дипломатијата. Веројатно, на Скопје.

За време на собирот македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров ќе има посебни состаноци со своите колеги.

 

SHARE

1 Коментар

Оставете Коментар