Столтенберг: Вратата на НАТО е отворена, а вие сте на прагот

На заедничката прес конференција во Брисел со македонскиот премиер Зоран Заев, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, рече дека очекува лидерите на земјите членки на Алијансата да ја поканат на Самитот на 11 и 12 јули.

„Вратата на НАТО е отворена, а вие сте на прагот“, изјави тој.

Столтенберг го поздрави договорот меѓу Македонија и Грција, кој е пример за соработка и огромно постигнување во односите меѓу двете земји.

Столтенберг потенцираше дека Македонија ќе стане членка на НАТО откако ќе се завршат сите обврски за договорот за името.

„Го видовме местото каде што треба да биде подигнато нашето знаме како 30. членка на Алијансата. Тоа го чекаме од 2008 година кога беше констатирано дека ги постигнавме стандардите“, рече од своја страна македонскиот премиер Заев и додаде дека „треба да се обединиме и да кажеме да заради нашата иднина, нашата држава и идните генерации“, пренесе Макфакс.

 

2 Коментари

  1. Никогаш Македонија нема да си го смени името, и никогаш името нема да биде сменето преку некаков (меѓ.) било каков договор, ниту за внатрешна, ниту за која било надворешна или внатрешна употреба.
    Не функционира ниту двојната формула!!!
    Овој сегашниот тнр. Договор (од Преспа) ќе пропадне. Тоа е КВАЗИ-ДОГОВОР!
    Потоа, кога нема ништо да успее, ниту референдум, а да и не зборуваме за Грчкиот парламент, ВЛАДА предводена од Заев ЌЕ ПАДНЕ!
    СДСМ ќе се распадне!

Comments are closed.