„Драги пријатели, повторно покажавте храброст да го пробиете вашиот сопствен пат кон независност, мир и безбедност. Историскиот договор за спорот со името ја отвора можноста за рамноправно членство во меѓународната заедница, вклучувајќи го рамноправното членство во НАТО“, вели генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во видео-пораката до македонските граѓани.

„Вратата на НАТО е отворена, но само граѓаните на вашата земја можат да одлучат да ја поминат“, вели ген-секот на Северноатлантската Алијанса.