Стопирана истрагата за третиот осомничен за убиството на Саздо

Oбвинение за убиство Никола Саздовски-Саздо е подигнато против Скендер Д. и Бесир Б.

За третиот осомничен Јетон Љужа, истрагата била стопирана додека не бил пронајден, пренесуваат медиуми.

Саздо беше убиен на крајот на јуни на автобуска станица во скопската населба Автокоманда, а според досегашните сознанија, причина била неговото членство во навивачката група „Комитити“.

Тој бил нападнат од тројца насилници и претепан по што падна во 10 дневна кома кома која заврши со смрт.

По Јетон Љужа третиот напаѓач на 21-годишниот на Никола Саздовски Саздо кој почина по брутално претепување, по речиси еден месец беше покрената интернационална потерница.

По смртта обвинителството го преквалификува делото во убиство.

Стварно, каде е третиот напаѓач на Саздо?