Странските директни инвестиции повеќе од двојно поголеми од лани

Loading...

Странските директни инвестиции (СДИ) во Македонија достигнаа 235,03 милиони евра (272,81 милион долари) во првиот квартал годинава, споредено со 110,27 милиони евра во истиот период лани, соопшти Народна банка на Република Македонија (НБРМ).

Само во март СДИ во Македонија изнесуваа 65,54 милиони евра наспроти негативниот прилив од 7,54 милиони во март минатата година, според податоците на центрачната банка.

Минатата година вкупните СДИ во Македонија беа само 227,48 милиони евра, главно поради политичката криза.