Дел од жителите во ромскатанаселба „Тракија“ во Русе, каде што живеел осомничениот за убиството на новинарската Викторија Маринова, ги напуштиле домовите, откако се појавиле  гласини дека ќе има насилство врз луѓето од соседството.

Утринава се појави информација дека многумина избегале уште во текот на ноќта, а меѓу нив и споругата и тетката на осомничениот Северин Красимиров.

Илијан – еден од малкуте останати во маалото, за bTV изјави:

„Имаат намера да влезат во соседството и сите да не истапаат. Синоќа, телефони ѕвонеа, јас го испратив целото семејство“.

Тој признава дека е вооружен и подготвен да се брани. „Поради еден изрод, не прифаѓаме да бидеме казнети сите“.

Полициски извори немаат сигурни податоци кои ги потврдат овие стравувања, но сепак превентивноима постојано присуство на полицијата.

Бугарскиот портал Blic.bg јавува дека денеска во ромското маало се појавила група моторџии кои ги заплашувале жителите. 

Нивната цел, наводно била да најдат роднини и блиски на обвинетиот за убиството на новинарката.

И во ромската населба во Русе неговите роднини велат дека тој не го извршил сам злосторството.

„На насилството не треба да се одговара со насилство, бидејќи тоа нема да го реши проблемот, туку само ќе доведе до нови инциденти со трагичен крај“, коментира во студиото на Bulgaria ON AIR пратеникот од „Обединети патриоти“, Росен Живков.

Тој беше категоричен дека општеството  е веќе поделена и се почесто има манифестации на насилство и неказнивост за кои треба да бидат преземени итни мерки.

 

 

 

 

Оставете Коментар