Српскиот владика Иринеј стравува дека доколку украинската Црква добие автокефалност, истото може да се случи и во Македонија.

Запрашан во интервју за „Политика“ дали постои можност ако неканонските структури во Украина да добијат автокефалност слично да се случува и во Македонија, каде што исто така има канонската Црква и непризнаени структури, епископот бачки предупредува дека ако нешто помине во Украина, тоа ќе помине не само во Македонија, туку и во Црна Гора, Абхазија „и секаде каде нарачателите и извршителите ќе замислат, па дури, можеби, и во Грција”.

Иринеј вели дека „за прв пат во историјата на Православната Црква над неа виси реална опасност од нов раскол, овој пат не помеѓу христијанскиот Исток и Запад, туку внатре во рамките на Исток. Ако дојде до тоа, и се надевам дека, и покрај се , нема да дојде, тој ќе биде потежок од сите претходни расколи во историјата на Црквата, квантитативно поголем и расколот од 1054 година, о оглед на моменталниот број на помесни православни цркви и нивната распространетост во светот“, пренесува Б92.