Строго манипулирани анкети

Loading...

Словенечката демократска партија (СДС) на Јанез Јанша, убедливо победи на изборите со 25,6 отсто добиени  гласови, со што тој доби можност да состави нова словенечката влада.

Но, само неколку дена пред изборите, словеначката агенција „Медиана“ го промаши за цели 10,1 проценти резултатот на Јанша,што едвај може да биде случајно, пишува хрватски портал..

Индикативно е  – а ова станува глобален тренд-  предизборните анкети значително да ги промашуваат резултатите, а на штета на конзервативниот политички спектар.

Такви „промашувања“ имаше и при предвидувањето за неуспехот на „брегзит“ во Британија, за убедлива „победа“ на Хилари Клинтонво САД или за Иво Јосиповиќ.

С’е поочигледно е дека агенциите ургираат по налог од левите-прогресивни идеологии и на заинтерсирани групи во Брисел, пишува хрвтаскиот портал „Дневно“.

Според мислењето го прашавме сопственикот на агенцијата “2 × 1 Комуниазиони”,

„Ако провериме кој е нарачателот – а тоа се националните и државните медиуми – јасно е дека постои меѓусебна спрега меѓу политиката на една и агенциите за истражување на другата страна. И бидете сигурни дека анкетите секогаш имаат влијание, инаку не би биле нарачувани“ вели  Робера Бошак спопственик на агенцијата „2х1 Комуникации“.