Студенти од Универзитетот во Кент, Велика Британија, каде предаваше  Горан Стефановски, побараа една од зградите на универзитетот да го носи името на нивниот професор.

„Горан беше неверојатен човек и неверојатен предавач, па дали има подобар начин да му оддадеме чест, од тоа што ќе ја именуваме новата зграда по него“,…„Именувајте ја новата зграда на Универзитетот во Кент по Горан Стефановски“ (Name the new CCCU building after Goran Stefanovski).

Ова е текст од онлајн петицијата на студенти од универзитетот во Кент каде предаваше Горан Стефановски.

Македонскиот драматург почина минатата недела на 66 годишна возраст

Маја Петрушевска, македонска новинарска од Лондон на ФБ пренесе дел од атмосферата во која неговите пријатели, колеги, студенти и семјеството, вчера се простија од великанот.

„Во преполната сала исполнета да последното ќоше, седечки и простум, немаше игла каде да се фрли. Со грутки во стомакот, срцето, солзи во очите и со љубов и почит за Горан. Сите, до еден. Неговите студенти започнаа петиција една од зградите на Универзитетот во Кент каде што беше професор ѕвезда, да го носи неговото име. Горан не дочека со Зајди, зајди. Не испрати со Strawberries field forever. Се простивме со Горан. Со национално богатство не може никој да се збогува! А Горан е повеќе од тоа!“, напиша Петрушевска.

SHARE

Оставете Коментар