Судат Македонец за убиство во Канада

Loading...

Вчера започна судењето на Борис Пановски (73), канадски државјанин од македонско потекло кој е обвинет за убиство на извесен Дон Фриго и обид за убиство на неговата сопруга, Ева во септември 2014 година.

Причина за убиството, како што известуваат канадски медиуми, била нетрпеливост помеѓу Пановски, поранешен одгледувач и дресер на кучиња и Фриго.

До 2006 Пановски бил успешен во својот бизнис, кој наеднаш пропаднал по што му пропаднал и бракот. Директен повод за осветата, како што се вели,  бил тоа што Фриго го сменил името на кучето–шамипон што Пановски му го продал на Фриго,  од Panovski Silver во Bellfield Silver, што Македонецот го сфатил како намерен потег да му биде уништен угледот.

Два дена по убиството на 13 септември 2014 година, Пановски заминал за Македонија, но се вратуил во Канада неколку дена подоцна по што бил уапсен.