Судбината на Косово ќе се решава во септември!?

Loading...

На тој датум е закажана посетата на српскиот претседател Александар Вукиќ во Москва, шпекулираат српските медиуми, според кои тогаш и ќе се решава судбината на Косово.

РИА Новости потврдува дека на 15 септември рускиот претседател Владимир Путин ќе го прими Вучиќ.

Пред средбата во Кремљ, во Белград треба да пристигне висок претставник на Белата куќа а тема ќе биде иднината на регионот.

Пред посетата на Москва, Александар Вучиќ ќе се состане со косовскиот претседател Хашим Тачи, во Брисел. Двајцата ќе разговараат за прашањата на посредување на ЕУ.

Кон крајот на септември, Вучиќ ќе лета за Њујорк, каде ќе учествува на Годишното собрание на ОН, но предвидена е и средба со американскиот претседател, Доналд Трамп.

Оставете Коментар