Судење за 27 април: Сведок може да го урне обвинението

Шокантно тврдење на сведок во процесот за 27 април што може да го урне судењето на векот во Македонија.

Првиот сведок Сашко Коцевски вработен во технички служби на собранието во моментот на избор на спикерот Талат Џафери бил во режија и со колегите следеле на камери што има во пленарната седница.

Коцевски и колегите следеле гласањето и заклучиле дека Али Ахмети и Бранко Маноиловски не биле во сала во момент на гласањето што значи дека 60 пратеници гласале за Талат Џафери (49 СДСМ, 8 ДУИ 3 АА)

Според сведокот пред гласањето и пратениците на БЕСА излегле од салата.

Подоцна во текот на процесот обвинителката рече дека не е важно дали 60 или 61 пратеник го гласале изборот на Џафери бидејки тема на процесот било бруталното насилство во Собрание.

Со тоа обвинителството практично признава дека има проблем со обвинителниот акт затоа што во него стои дека обвинетите се гонат за попречување на избор и на тоа се темели обвинението по членот 313 ок КЗ.

Досега во процесот сведоците не само што потврдија општопознат факт дека Џафери бил преходно избран туку сега и дека е избран со само 60 гласови што е спротивно на законот.

Со оглед на тоа што обвинителката со своето денешно објаснување потврдува дека се води процес за насилство а не за тероризам, обвинението за 27 април де факто е на стаклени нозе и сите обвинети мораат да бидат пуштени на слобода.

SHARE

Comments are closed.