Судењето на Мијалков продолжува без неговите телохранители

На денешното рочиште за случајот “Титаник 2” на кој се врши распит на сведоци не се присутни телохранителите на Сашо Мијалков, кои присуствуваа како јавност на судењето за “Трезор”.

Екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, од истражниот затвор “Скопје” беше спроведен во Кривичниот суд со задоцнување од речиси 80 минути поради доцна испратена наредба.

Иако уште од саботата на Мијалков му беше одреден притвор од 30 дена за случајот “Империја”, судот дури сабајлево ја испратил наредбата до затворот за обезбедување на негово присуство.

Како и предходно Мијалков од затворот во Шуто Оризари до судот беше во придружба на три полициски возила со десетина специјалци.