Судии и обвинители уценети со прислушувани разговори

Скандалот со прислушуваната централа во Јавното обвинителство има за цел да упати порака до сите “непослушни” судии и обвинители дека ако не спроведуваат политички нарачки ќе бидат објавени нивни разговори.

Лидерот на опозицијата Хриатијан Мицкоски смета дека со новиот скандал со прислушување се испраќаат уцени.

“Уште една скандалозна вест. Обвинителството и судството прислушкувани. Некој кој денес е власт прати порака, судиите и обвинителите ги имаат во рака, со снимани разговори, уценети, им требаат покорни на политичките наредби, додека правдата се заобиколува”, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Вчера јавниот обвинител објави дека од август 2016 година се прислушувало целото јавно обвинителство.

МВР се уште молчи за скандалот.

SHARE

Оставете Коментар