Судијка предлага стопирање на референдумот

Елена Гошева, судија известител за иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за распишување референдум, предлага Уставниот суд да изрече времена мерка – стопирање на сите активности за одржување и спроведување на референдумот, дознава „Макфакс“.

До судот се стигнати две иницијативи, едната од Левица, а другата од Светски македонски конгрес, а седницата на која ќе се разгледува оваа иницијатива е закажана за в среда.

Одлуката за референдум во среда пред Уставниот суд!

 

Оставете Коментар