Судир во СДСМ – Кој од Спасовски и Манчевски лажел пред судот

Стратегија пред суд, неконтролирано лажење без страв од судски санкции или сериозен судир меѓу двајца министри на СДСМ.

Во вчерашниот исказ на судењето за случувањата на 27-ми април Потпретседателот на владата Оливер Спасовски, под заклетва сведочел дека чадорот со кој биле удирани пратеници на СДСМ од напаѓачот не го откупил Дамјан Манчевски, туку Петре Шилегов.

Фамозниот чадор пред неколку дена во своето сведочење прв го спомна Дамјан Манчевски кој и пред судот, а подоцна и пред медиумите соопшти дека на критичниот ден возрасен човек го удирал со чадор подолго време.

Манчевски му понудил 300 денари да го откупи, првата понуда била одбиена, после што потпретседателот на СДСМ успеал за 1000 денари да го наговори возрасниот човек да му го продаде чадорот, објави ТВ Алфа во своја ексклузивна информација.

Алфа објавува дека оваа приказна на ниво на анегдота неколку дена се вртеше во јавноста и дури Манчевски ја повтори на гостување во една дебатна емисија набргу после сведочењето пред судот. Истата стана повторно актуелна во судот вчера, кога на крајот на својот исказ Оливер Спасовски своеволно го спомна случајот со чадорот, но овојпат во друга верзија: чадорот го откупувал Шилегов при што старецот кој ги удирал побарал 500 денари за него, а Шилегов му дал 1000 денари и го одзел „оружјето“ со кое биле малтретирани.

Од овие две сведочења на Манчевски и Спасовски, едно е сигурно: некој од нив излажа под дадена заклетва пред судот за една „баналност“ како што е чадорот со кој биле удирани пратениците. Што се случува со веродостојноста на другите соопштени факти за време на сведочењата врз основ на овие нови околности, ќе проценува судот.

Целата информација на Алфа ТВ