Судот во Струга води постапка за лице исчезнато во 1944 година?!

Колку понекогаш знаат да бидат апсурдни одредени случаи низ судските лавиринти покажува примерот со постапката за прогласување починато лице исчезнато во 1944 година (?) што ја води Основен суд во Струга.

Лицето со име Коста за кое станува збор е родено во 1879 година во Струга, а исчезнало во воените дејства кај Кукс, Албанија, една година пред крајот на Втората светска војна.

Исчезнатиот Коста, како и секој друг што знае за неговиот живот, се повикуваат да се јават во Судот во Струга во рок од три месеца, по чиј истек тој ќе биде прогласен за починат, се вели во повикот на струшкиот суд.

 

SHARE