СУМ во акција: Свирни против промена на името

Македонската координативна мрежа „Сите за унитарна Македонија“ денеска во централното градско подрачје на Скопје организира акција „Свирни против промена на името“, измамувајќи употреба на сирената од возачите.

Ваква порака активисти на СУМ испраќаат на крстосниците кај Владата, кај Порта „Македонија“, пред Собрание…

„Продолжуваме со борба! На секаков начин и со сите средства!“, порачуваат од СУМ, организатор на последниот собир за одбрана на името на македонската држава, на македонскиот идентитет и на македонскиот јазик, кој под мотото „Република Македонија ерга омнес“ се одржа во главниот град на 26 април.

Повод за акцијата е денешната средба на македонскиот премиер Зоран Заев со неговиот грчки колега Алексис Ципрас на маргините на самитот „Европска унија – Западен Балкан“ во Софија.