Сурои: Припојување на Прешевска долина кон Косово е противуставно

Kосовскиот публицист Ветон Дурои смета дека изјавата на косовскиот претседател Хашим Тачи дека тој ќе поднесе барање до претседателот на Србија за припојувањена  Прешевската долина кон Косово би можела да се смета за корисна во домашната политика, но според него, тоа претставува сериозен прекршување на Уставот на Косово.

„Точка 3 од Првиот член на Уставот на Република Косово гласи: ‘Република Косово нема територијални претензии кон ниту една држава или дел од било која држава и нема да се обидува да пристапи кон која било држава или дел од било која држава’“, напиша Сурои на фејсбук додавајќи дека изјавите на Тачи би можеле да се сфатат како територијални претензии кон друга земја.

Тој додава дека аквата изјава за Прешевската долина  може според меѓународното право да се смета за „чисто територијално барање на Косово кон друга држава, Република Србија”, напиша тој.

Сурои пишува дека „во меѓународната заедница има неколку држави – меѓу кои и Русија – кои овој територијален акт може да го толкуваат како закана за мирот во Косово и во регионот“.

Хашим Тачи ја сака Прешевска долина, но не го дава северно Косово

 

SHARE