„Сведок“: Груевски ќе оди во затвор пред референдумот!?

На 30 и 31 август, Скопска апелација ќе расправа по жалбата на екс премиерот Никола Груевски на пресудата за набавка на Мерцедесот во случајот „Тенк“.

Со пресудата напишана на над 200 страници, Никола Груевски беше осуден на две години затвор, а помошник министерот во МВР Ѓоко Поповски на 6,5 години.

Порталот „Сведок“ , наводно од судски и владини извори дознава дека, наводно, казната ќе биде потврдена, а Груевски ќе добие упатен акт за во затвор во деновите по 20 септември и пред референдумот за промена на името закажан за 30 септември.

„Доколку Апелацискиот суд не ја потврди пресудата, има голема веројатност предметот да застари бидејќи за кривичното дело примање награда за противзаконито влијание е предвидена затворска казна од една до три години. Делото застарува кога ќе поминат двапати од највисоката предвидена казна, во случајов тоа се шест години. Делото според обвинението е направено во 2012 година, па сега веќе изминува последната година“, пишува весникот „Независен“.