Светски експерт: Преспанскиот договор е спротивен на меѓународното право, никој не може да одземе право на самоидентификација (ВИДЕО)

Водечки светски експерт за меѓународно право Др. Клара Полачкова Ван дер Плуг ја предупредува македонската влада да не се обидува да создаде обврска за македонската држава и граѓани која е спротивна на меѓународното право и која што може да биде прогласена за невалидна.

Ван дер Плуг која што е меѓународен правен советник на “Заедничката канцеларија на македонски организации при седиштето на ОН во Женева” го анализирала Преспанскиот договор потпишан на 17 јуни и дошла до заклучок дека тој во одредени делови е спротивен на меѓународното право и може да биде прогласен за ништовен.

„Договорот од Јуни 2018 година се обидува не само да создаде обврска за Република Македонија да го смени своето уставно име, внатрешно и надворешно, туку и да забрани граѓанска активност поврзана со македонскиот идентитет и култура (што може да се класифицира како непријателска активност во договорот) и да инкорпорира одредено посебно разбирање на тоа што значи да се биде Македонец или да се зборува на македонски јазик“, вели Ван дер Плуг во својата изјава за expres.mk.

“Ова се работи кои што никој не може да ги наметне на популацијата во Република Македонија, тоа не може да го стори ниту нејзината влада затоа што меѓународното право поставува суштински ограничувања за тоа што може владата да се согласи во договор. Договорот не може да биде спротивен на најфундаменталните обврзувачки правила на меѓународното право (таканареченото „jus cogens“), инаку договорот може да биде оценет како невалиден во меѓународното право“, смета експертот за меѓународно право која што пронашла доволно елементи спротивни на меѓународното право кои што можат да доведат до ништовност на договорот од Преспа.

Според Ван дер Плуг „Особено владата не може да се откаже од правото на своето население на таканареченото самоодредување, можност да одбере политички режим врз основа својата самоидентификација, освен ако населението не се согласи на тоа“.

Ван дер Плуг и порачува на македонската влада дека не смее да го ратификува Договорот ако е тој во конфликт со правото на самоидентификацијата на населението во Република Македонија. Ваков договор ќе биде неважечки и може да биде оценет како невалиден во меѓународното право, заклучува Ван дер Плуг во видеото во кое ги објаснува своите наоди од анализата на Преспанскиот договор.

SHARE

Comments are closed.