Свежо зелено сред зима: Спанаќ со јајца

Спанаќот е растение кое го има и во доцна пролет и во зима. И не е воопшто различен, ни по изглед ни по квалитет, а секогаш е добредојден за внесување на „мал милион“ витамини и состојки кои му се неопходни на човекот. На страна е вкуст кој за најмладите е радост, а за возрасните здраво, вкусно јадење. Подготовкта е лесна особено ако се решите за основната верзија, Тва со јајца.

Потребни состојки:
1 кг спанаќ
1 главица кримид
1 мирков
100 грама ориз
4 јајца
Масло, сол, бибар, црвен пипер

Подготовка:
Спанаќот се чисти од дршките и се обарува. Во тава се става масло, кромид и морков, а по пропржувањето се додаваат обарениот спанаќ и оризот. Се зачинува по желба и се префрла во тепсија и се става на печење. Пред крајот, а тоа е некаде по половина час се ставаат јајцата да се потпечат.
Еден час и сигурно добар оброк. Киселото млеко, јогуртот или повлаката се веќе традиција.

SHARE