„Свиркачи“ го откриваат писмото со кое Рашковски бара вишок пари од министерствата за кампања (ФОТО)

Извори во владата односно таканаречени „свиркачи“ сметаат дека писмото на генералниот секретар на владата Драги Рашковски со кое тој бара информација дали министерствата вишок пари во своите буџети за владината кампања за референдумот, треба да биде објавено во јавноста.

Со оглед на тоа што писмото не е строго доверлив документ expres.mk го објавува писмото испратено од Рашковски со кое генералниот секретар на Владата бара пари за владината кампања.

Во првата точка од писото се вели дека владата донесла заклучок со кој ќе организира и спроведува кампања од јавен интерес за референдумот.

Во втората точка од дописот од министерствата и други органи на државна управа се бара во рок од три дена да дадат информација на министерството за финансии дали располагаат со вишок средства кои што би можеле да бидат користени за кампањата од јавен интерес за референдумот за името, ЕУ и НАТО.

Единствено министерство кое веднаш јавно одговори дека има средства и тоа во висина од 60 милиони денари или околу еден милион евра беше министератвото за одбрана кое го води вицепремиерката Радмила Шеќеринска.

Сите останати најавија дека утре ќе се знае колку пари ќе издвојат секое од министерствата.

Според најавата од владата парите од владата ќе бидат дадени на Собранието кое како овластен предлагач ќе ја води кампањата во име на државата.

Со тоа Владата директно го прекршува принципот на поделба на извршната и законодавната власт.

Експертите предходно предупредија дека кампања можат да водат партиите и приватни лица со свои пари но не и Владата со парите на сите граѓани.