“Свиркачи” му откриле на Апасиев скандал во Владата

Професорот Димитар Апасиев открива дека Владата спротивно на законите без никаква пријава и основа а водејќи се од лични побуди започнала истрага за неговиот докторат.

“Според мои инсајдерски информации добиени од свиркач во Влада на Република Македонија, после објавата на документот од кој се гледа инволвираност на владиниот Генерален секретаријат во целата тајна инспекциска постапка, која со месеци противзаконски се водела против мене, наводно била спроведена интерна „истрага“ за тоа што точно се случувало”, вели Апасиев според кого притоа се утврдило дека т.н. АНОНИМНА ПРЕТСТАВКА од „загрижена група студенти“ (!?) воопшто и не постои во владината архива.

Истата била непотпишана, недатирана и никогаш не била примена во Влада – ниту преку пошта, ниту со приемен штембил, а содржела информации кои може да ги знае само некој кој е вработен на Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје.

“Ова само го потврдува фактот дека не станува збор за никаква надворешна иницијатива за вршење инспекциски надзор, туку за „внатрешен“ документ произведен во тамошните канцеларии од некој кој, поради личен хир, сака да ми се осветува, злоупотребувајќи ја својата јавна функција за ниски реваншистички цели.
Кој е тој некој, оставам на вас да процените”, пишува Апасиев кој најавува дека штом го добие и овој документ истиот ќе биде јавно објавен.

Апасиев предходно го обвини Генералниот секретар на Владата Драги Рашкоски дека лажел во биографијата за неговиот втор докторат по што генсекот призна дека нема два завршени докторати.

SHARE

Оставете Коментар