,,Свиркачи”: СДСМ се обидува да скрие скандал со свој висок функционер

Членови на СДСМ незадоволни од двојните аршини и селективната правда на владата која ја предводи нивната партија бараат транспарентност за сите случаи на прекршување на законите во кои се инволвирани и нивни партиски функционери.

“Свиркачи” од СДСМ бараат партијата, владата и МВР да го откријат последниот случај во кој е инволвиран висок партиски претставник кој се крие од јавноста.

Изворите на expres.mk велат дека инцидентот кој се случил деновиве а во кој партискиот функционер го прекршил законот не може да се скрие и дека последиците од обидот за неговото прикривање може да бидат исти како во случајот со Мартин Нешковски.

Тие до високи членови на партиското и владино раководство дале рок до денеска до 18 часот до кој во јавноста партијата требало да го открие инцидентот со високиот партиски функционер.

Во спротивно тие ќе објават за што се работи и кој е инволвираниот функционер со цел јавноста да не добие впечаток дека СДСМ ги штити криминалците во своите редови.

SHARE

Оставете Коментар