Компанијата Тесла во четвртокот подготви спектакл и ги презентираше новиот камион на електричен погон, и „Roadster“ спортскиот автомобил во вредност од 200.000 американски долари за кои главниот извршен директор Елон Маск изјави дека тоа ќе биде најбрз автомобил во историјата.

Овој спортски автомобил со стаклен покрив е нова верзија на првиот автомобил произведен од Тесла. Има четири седишта, а со едно полнење на батеријата ќе може да помине 1000 километри, што е нов рекорд за електричните возила.

Електричниот камион e најнов обид на Тесла ова е најкатегоризирано товарно возило може да ја наполни батерија за околу 30 минути и да помине 650 километри.

Некои аналитичари стравуваат дека производството на електричен камионот е скапа забава за Тесла.

SHARE