Тачи: Договорот на Македонија со Грција е добра вест и за Косово

Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска оцени дека секоја добра вест за Македонија е добра вест и за Косово, а за договорот меѓу Македонија и Грција смета дека е најзначаен по Охридскиот.

За време на средбата со македонскиот вицепремиер Бујар Османи тој го поздрави потпишувањето на договорот Заев-Ципрас.

„Овој договор создава подобра регионална клима и им ја отвора евроатлантската перспектива на државите на Балканот“, изјави Тачи.

 

1 Коментар

  1. Јас повикувам сите пратеници, и мои пријатели од СДСМ да отфрлат овој штетен тнр. Договор со Грција! Апелирам на СДСМ да не овозможи ратификацијата на ваков Договор со кои се брише или проблематизира националниот идентитет на македонците и Република Македонија и под надворешно влијание и со надворешен акт менува Уставот на Република Македонија!

Comments are closed.