Тачи: Прешевска долина сака спојување со Косово

Косовскиот претседател е убеден дека постои расположение за успешен крај на дијалогот со Белград кој не исклучува „корекција“ на границите.

„Денес, 90 отсто од членовите на косовската влада поддржуваат корекција,  а 80 отсто од косовските граѓани ја поддржуваат корекцијата на границите“ изјавил Хашим Тачи.

Тој уште додава дека „98 проценти од граѓаните во Прешево, Медвеѓа и Бујановац поддршуваат унија на Долината со Косово.

Во меѓувреме, повеќе од 90 отсто од косовските граѓани го поддржуваат барањето на Прешево, Медвеѓа и Бујановац за влез во Косово.

Нема поединец кој може да го блокира овој процес, бидејќи ќе одиме на референдумот и граѓаните ќе го кажат нивниот збор “, рече Тачи, пренесува косовска Газета Експрес. 

 

SHARE