Косовскиот претседател Хашим Тачи го обвини премиерот Рамуш Харадинај дека се обидува да создаде паника и конфузија со заплашувањето дека менување на границите води кон војна и трагедии.

За разлика од претходните денови, Тачи не ја спомна идејата за територијална размена, или како што ја нарекува „корекција на гранииците“, пишува приштинска „Gazeta Еxpress“

Тачи рече дека споменувањето на нова војна и трагедии на Балканот се од минатиот век и заслужуваат да бидат фрлени во кошот.

„Сите западни држави, нашите сојузници, гарантите за мирот и безбедноста на Балканот вложуваат напори и повикуваат на мир, стабилност и постигнување на конечниот договор меѓу Косово и Србија. Овој договор значи взаемно признавање и сигурна перспектива за членството на Косово во ЕУ, НАТО и ООН“, изјави Хашим Тачи.

Му бранат на Хашим Тачи да се врати во Косово

 

1 Коментар

  1. Тачи сонува и тоа во стојечки став а знаејки дека Србија има многу жртви за тоа Косово а што треба шиптарите да го потурчуваат Српскиот Нарот и да стварат држава Косово еее тоа нема да стане војна мора да има оти западнатиот фашизам без војна не се сопира ЕУ е наставак на ХИТЉЕР а, НАЕО е банда на сорос епа знајте што ќе дојде по шиптарите исто како и во СИРИЈА иљи светот ќе гори додека кош за отпад нити имало нити ќе има///

Оставете Коментар