Косовскиот претседател Хашим Тачи го обвини премиерот Рамуш Харадинај дека се обидува да создаде паника и конфузија со заплашувањето дека менување на границите води кон војна и трагедии.

За разлика од претходните денови, Тачи не ја спомна идејата за територијална размена, или како што ја нарекува „корекција на гранииците“, пишува приштинска „Gazeta Еxpress“

Тачи рече дека споменувањето на нова војна и трагедии на Балканот се од минатиот век и заслужуваат да бидат фрлени во кошот.

„Сите западни држави, нашите сојузници, гарантите за мирот и безбедноста на Балканот вложуваат напори и повикуваат на мир, стабилност и постигнување на конечниот договор меѓу Косово и Србија. Овој договор значи взаемно признавање и сигурна перспектива за членството на Косово во ЕУ, НАТО и ООН“, изјави Хашим Тачи.

Му бранат на Хашим Тачи да се врати во Косово