Тајани одби да коментира за името на „ФИРОМ“

Педантно употребувајќи го акронимот ФИРОМ, претседателот на Европски парламент, Антонио Тајани, на денешната прес-конференција во Софија одби да коментира за прашањето за името на Македонија, бидејќи тоа не било во негова надлежност.

„Западниот Балкан е Европа. Ако овие држави сакаат да се полноправни членки, тие треба да ја почитуваат Европска унија. Тие вложуваат напори, ги споменав Србија и Црна Гора, кои го почнаа овој процес, тоа се однесува и за ФИРОМ. Ние не стоиме како пречка, туку им помагаме да се движат во европска насока. Кога станав претседател на Европски парламент од самиот почеток го поддржував овој процес, но исто така држам и до основните принципи – против корупцијата и за владеењето на правото, за слободата на медиумите. Овие правила треба да се следат“, претходно рече Италијанецот.