Тајна средба во Атина, советниците на Заев и Ципрас во акција

Вчера во Атина, со учество на 3 дипломати од МНР, направен е договорот за смена на името, објави поранешниот министер за надворешни работи Антонио Милошоски.

Според него “договорот ги содржи сите подробности, со ерга омнес и измена на Устав а сега само се чека главните советници за надворешни работи на двајцата премиери, Башановиќ и Калпадакис да организираат телефонски разговор меѓу Заев и Ципрас за да се одлучат за одредницата Северна или Нова Македонија”.

Милошоски беше првиот политичар од двете земји кој го објави планот од 11 точки според кој двете земји во наредниве година и пол треба да го затворат спорот.

Откако Милошоски го објави планот истиот го потврдија и медиумите и грчки претставници.

SHARE