Тајната весела средба на Рангелова со Груби и Стивенсон (ФОТО)

Една фотографија на социјалните мрежи најдобро ја покажува лудоста на македонската политика но и кратковидоста на голем дел од таканареченото “поштено граѓанство”.

Фотографијата партиските и кујни ја прикажаа како доказ за тајна средба на која Рангелова со шефот на кабинетот на Ахмети и екс американскиот дипломат а сега советник на Катица Јанева се договарале за уставните промени.

Во целиот хаос на малкумина им текна освен пропратниот текст да ѕирнат што има на фотографијата.

На неа јасно се гледа дека Рангелова, Груби и Стивенсон се на некоја забава, семејна веселба, најверојатно свадба.

Најверојатно кај некој колега или колешка од Собранието.

На фотографијата се гледаат и баби со внуци во раце а се игра и оро.

Еден дел од сликата пред политичарите е замаглен затоа што на него најверојатно има некое дете кое минува во моментот на фотографирање.

Освен ако Рангелова, Груби и Стивенсон не се шпиони од највисок ков и се договориле да влезат неповикани на свадба за никој да не ги види во договарањето уставни измени, тогаш некој овде ништо не разбрал.

Исто како што колегите од ТВ21 не ја разбраа шегата на Антонио Милошоски и тргнаа да ја бараат одамна починатата баба на пратеникот.

SHARE

Comments are closed.