Таки Фити: Да се надеваме дека референдумот ќе помине

„Знам дека не може ниту еден граѓанин комплетно да биде задоволен со решенијата на овој договор бидејки на крајот на краиштата променето ни е уставното име. Но, идентитетот е зацврстен, а референцата упатува само на географска одреденица и според тоа треба да гледаме напред и да се приклучиме кон НАТО, ЕУ и да ги отвориме преговорите кон ЕУ. Мислам дека со тој засилен мониторинг кој ќе го имаме и од НАТО и од ЕУ многу посилно ќе напредуваме во реформите“, изјави денеска во Охрид претседателот на МАНУ, Таки Фити.

На промоцијата на зборникот „За и од Киро Глигоров“, Фити вели дека со Договорот од Преспа за Македонија се отвараат доста перспективи, а најзначајно е дека земјава успеала извонредно добро да ги реши идентитетските прашања.

„Тие се зацементирани и тоа по принципот ерга омнес“, вели академик Фити, како што пренесува Алсат М.

SHARE

Comments are closed.