Таки Фити: Македонскиот јазик е идентитетско прашање

Претседателот на Македонска академија на науките и уметностите, Таки Фити, вели дека во разговорите за името треба да се има предвид дека нашиот јазик е македонски и дека тој во Обединетите нации е евидентиран како Мacedonian language.

„Не можеме ние да прифатиме, и тоа е став на МАНУ, кога се зборува за јазикот на земјата, да се пишува на латиница и да се изговара онака како што ние го изговараме на македонски. Тој мора во ОН да биде формулиран како Мacedonian language. Тоа е став што навлегува во суштинските идентитетски прашања и тука нашите сугестии до Владата се апсолутно јасни и цврсти“, вели академик Фити.

„Македонскиот јазик e одамна кодифициран“, додава тој, „тој постои, не може да исчезне, тоа е вековна традиција. Во тој контекст посебно битно е што македонскиот јазик мора да има приоритет, особено ова што го зборуваме ние, научна обработка и разработка и негово проучување, бидејќи тој е интегративен јазик во Република Македонија и тоа мора да го почитуваат сите заедници“.

 

2 Коментари

  1. Не е само ЈАЗИКОТ, туку и ИМЕТО на ДРЖАВАТА и на НАРОДОТ! Проблемот НЕМА решение (со Грција), освем ЕДИНСТВЕНОТО решение преку ПРИЗНАВАЊЕТО на ИМЕТО во ООН, а преку продолжување членството во ООН со уставното име Република Македонија! И никако поинаку!

  2. Од 1993, Грција подразбира само ПРОМЕНА на Уставот, со ЦЕЛ ПРОМЕНА НА ИДЕНТИТЕТОТ! И НИШТО ПОМАЛКУ ! Со други зборови од стартот со Рез 817. се работи за ФЛАГРАНТНОТО и НЕВОЗМОЖНО МЕШАЊЕ ВО ВНАТРЕШНИТЕ РАБОТИ И ИДЕНТИТЕТ на Македонија! Постојат два НЕЛЕГЛНА дополнителна Услова при приемот на ова држава во ООН, кои во време трансцедираат чин на ПРИЕМОТ во ООН (те. траат по чин на приемот во ООН, а треба да имаат СВРШЕН КАРАКТЕР!): 1. РЕФЕРЕНЦАТА БЈРМ (трае по чин на приемот во ОН), 2. ПРЕГОВОРИТЕ за ИДЕНТИТЕТ (трае по чин на приемот во ОН, а треба да имаат СВРШЕН КАРАКТЕР). Според Пвелбата на ООН сите Услови за Прием во ООН треба да се исполнети ПРЕД прием во ООН и имаат СВРШЕН КАРАКТЕР!! Овие наведени услови меѓу кои спаѓа носење на РЕФЕРЕНЦАТА БЈРМ (првиот услов) и ПРЕГОВОРИТЕ за ИДЕНТИТЕТ (втор услов, уз првиот Реферирање) немаат СВРШЕН КАРАКТЕР и СЕ ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛОВИ за Прием во ООН, и според Судскиот став од 1948 г. тие СЕ НЕЛЕГАЛНИ, а ставот на СУД МСП е прифатен со Рез. 197/3 на Генералното собрание на ООН 1948, како толкување на Повелбата на ООН! Политички консидерации на Советот за безбедност НЕ влијаат врз ЕГЗОСТИВЕН правен карактер на НОРМАТА за приемот во ООН од член 4. на Повелбата. Моќ на СБ овде е ОГРАНИЧЕНА со Повелбата на ООН! Така 1948, со одлука на Генералното собрание, мимо ВЕТО во СБ на ОН влегле во членството на ООН 7 држави за кои претходно немаше СОГЛАСНОСТ дадена во СБ на ООН.

    Во случај со Македонија Не се дерогира ПРЕПОРАКА на СБ (817), бидејќи Препораките НЕ се предмет на дерогирање, ТУКУ се дополнува/менува РЕЗОЛУЦИЈАТА на Генералното собрание која содржи ОДЛУКА за пријем!
    Се носи нова ОДЛУКА – Резолуција на Генералното собрание на ОН со која се продолжува членството во ООН под името Република Македонија!

Comments are closed.