Талат не гласаше, но честиташе успешен референдум

„Точно е дека не можев да го искористам демократското право. Моето име не беше на избирачкиот список во избирачко место каде гласав во сите изборни циклуси претходно. Се надевам дека се работи за изолиран случај и дека немало слични случаи. Гласот е еднаков, како мојот така и на сите граѓани“ изјави парламентарниот спикер Талат Џафери кој денеска не успеа да гласа бидејќи  го немало на избирачкиот список.

Во обраќањето до јавноста тој сепак им честиташе на граѓаните и на институциите за успешниот  референдум и како што рече „празничен ден“.

„ Граѓаните денеска ги поставија темелите за идна Македонија. Гласот на суверенот е тој што одлучува за иднината на оваа земја. Се надевам и се надеваме дека одлуката на суверенот е во насока на една подобра иднина за сите граѓани на Македонија. Честитам за овој значаен ден кога се одлучува иднината на сите граѓани, но и на идните генерации“, изјави Талат Џафери.

SHARE

Comments are closed.