Таравари знае кој сака да го ликвидира

Екс министерот за Здравство а сега градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари добил смртни закани од извесен Хабиб Фејзули кој е член на моќна политичка партија на Албанците.

-Ова лице кај луѓето е познато како човек со криминално досие, но за жал амнестиран од една детруктивна албанска партија! Овој е еден од две лица, кои пред неколку месеци влегоа вооружени во гостиварската гимназија и нападнаа двајца професори на нивното работно место, пишува во статусот гостиварскиот градоначални, се пожали Таравари на социјалните мрежи.

Таравари не се плаши и му порачува на Фејзули дека ќе биде пријавен и ќе го знаат во секоја амбасада, институција или кај меѓународен политичар.

-Ти не си само мој непријател (бидејќи ми се закануваш), туку ти си непријател на цел еден Гостивар, вознемирувајќи ги граѓаните кои не се заштитени од политиката! Не сакав да дадам толку многу значење, бидејќи ти всушност си жртва на еден заостанат молитичко-мафијашки феномен, но поединци како тебе да се во голем долг се правдата затоа дојде време да се измијат долговите! Бидете сигурни дека нема да толерираме никој кој ги навредува слободата и правата на граѓаните! Тоа е нашата мисија!, порачува Таравари.